Роденденски шопинг фестивал по повод четвртиот роденден на Скопје Сити Мол

Голема роденденска фешта се подготвува во Скопје Сити Мол по повод четвртиот роденден на ова пулсирачко собиралиште и актуелно градско јадро.

Динамична и возбудлива роденденска атмосфера ги очекува потрошувачите од 1 до 4 октомври со многу големи попусти, музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, магионичари, пантомимичари, жонглери, артисти и сè што гарантирано ќе обезбеди многу возбуда за време на четиридневниот роденденски фестивал. 

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје Сити Мол посетителите ќе може да уживаат во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе со свој настап ќе и претходат култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца. Работилниците ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, каде сите 4 дена влезницата ќе изнесува само 100 денари. Исто така децата ќе можат заедно со другите дечиња да бојат на џиновски цртеж со површина од 4 м2, кој подоцна ќе биде изложен.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе дојдат на 1октомври во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Скопје Сити Мол во овие четири години успеа да стане актуелно собиралиште што им понуди на Скопјани нов начин на живот и редефиниција на она што до сега значеше колективна забавна и шопинг содржина, ново урбано обележје што дише со автентичност, комплекс што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Скопје Сити Мол за кратко време стана омиленото место за квалитетен урбан живот што ја поддржува и унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“ :)

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе