Роботот на Boston Dynamics научи да танцува
Boston Dynamics во изминатите две години истовремено го забавува и загрижува светот со претставување на агилните и подвижни роботи кои со движењата потсетуваат на вистински луѓе и животни. Последен во низата е SpotMini – робот кој веројатно танцува подобро од вас.
Во видеото кое Boston Dynamics го објави на YouTube, можете да го видите SpotMini како танцува на песната „Uptown Funk“ од Бруно Марс и го изведува најдобриот „Running Man“ танц што некој робот некогаш го направил.