Роботите може да заменат 20 милиони работни места до 2030 година

Роботите може да заменат 20 милиони работни места во индустријата ширум светот до 2030 година, со што би се влошила социјалната и географската нееднаквост, но тоа позитивно би влијаело на економскиот раст.

Најтешко ќе бидат погодени работните места со најниски квалификации и тоа на ист начин по земји и внатре во секоја земја, наведува Oxford Economics.

Роботите веќе имаат преземено неколку милиони работни места од луѓето во индустријата и тој тренд напредува и во другите области, благодарение на модерната технологија и вештачката интелигенција, наведува британското аналитичко биро во извештајот во кој се разгледува и економскиот аспект на употребата на роботи.

Многу аналитичари сепак сметаат дека автоматизацијата во поширока смисла повеќе придонесува за создавање, а не за укинување на работни места за луѓето, но дека е создаден поголем јаз меѓу работните места за кои е потребна ниска квалификација и оние за кои треба висока, па така без работа остануваат многу обични работници.

Роботизацијата ќе влијае на зголемување на продуктивноста и на растот на стопанството, сметаат експертите и проценуваат дека светската економија би можело да има профит до 5 илјади милијарди долари до 2030 година.

Тие исто така укажуваат дека најтешко ќе бидат погодени работните места со повторувачки дејности и работните места во центрите за логистика.

Работните места што бараат „сочувство, креативност и рационална интелигенција“ ќе останат во рацете на луѓето уште многу децении, се вели во извештајот и уште се додава дека роботите сепак ќе бидат сѐ поприсутни во трговијата, здравството, угостителството, сообраќајот и земјоделието.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе