Резерви од 3.000 тони злато пронајдени во Индија

Во индиската држава Утар Прадеш откриени се наоѓалишта на злато, кои се проценуваат на 3.000 тони, соопшти индиското Министерство за геологија и рударство.

Резервите на злато се простираат на површина од 108 хектари земјиште.

„Федералните и локалните агенции пронајдоа траги од злато во областа Сонбхадра по десетгодишно истражување на таа област“, изјави началникот на одделот за рударство во Утар Прадеш, Рошан Џејкоб.

Тој истакна дека во Сон Пахади се пронајдени 2.940 тони, а во Хард Пахади 646 килограми злато.

Во Индија годишно се ископуваат 2 до 3 тони злато. Сепак, оваа земја е втор најголем потрошувач на злато во светот и годишно увезува 843 тони злато, кое главно се користи за накит, религиски обреди и богати венчавки.

Минатата година Индија увезе злато во вредност од 31 милијарда долари, со што овој метал е втор најголем увезен производ по суровата нафта.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе