Ретро постери: Како изгледаше графичкиот дизајн во СССР?

Логоа, брендирање, постери, излози, реклами... графичкиот дизајн од времето на СССР стана модел за многу дизајнери оттогаш наваму.

Во 20-тите и 30-тите, периодот кога се формираше Советскиот сојуз, токму графичкиот дизајн стана врската меѓу владата и народот. Природата на советските постери се смени со историскиот развој на СССР, но она што ги прави безвременски и културно наследство се комбинацијата на основните човекови вредности (слободата, социјалната еднаквост), патриотизмот, едукативните елементи и промовирањето на здрав начин на живот.