Репортери без граници: За девет месеци убиени се 56 новинари

Париз, 11 октомври 2018 (МИА) - Во првите девет месеци од годината поради нивната професионална дејност убиени се 56 новинари, што е повеќе од целата 2017 година, се наведува во соопштението на невладината организација Репортери без граници.

Организацијата посочува дека 2017 беше година со најмал број на убиства на новинари во последните 14 години, но во 2018 година не продолжува таквиот надолен тренд.

- Веќе 56 новинари се убиени поради нивната професија. Бројот се зголемува и треба да се додадат повеќе од десет случаи што ги истражува Репортери без граници. Таквата вознемирувачка бројка нѐ упатува дека под итно треба уште многу да се направи за заштита на новинарите, истакна генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Долоар.

Тој додаде дека поради тоа Репортери без граници повторно инсистира за именување на специјален претставник на Обединети нации, кој ќе биде задолжен за заштита на новинарите, мерка поддржана од низа држави, како и од 130 медиуми, организациии и синдикати од целиот свет.

Најопасна држава за новинарите е Авганистан, каде од почетокот на годината убиени се 13 новинари. На 30 април во Авганистан загинаа 10 новинари. Деветмина загинаа во двоен бомбашки напад, меѓу кои и главниот фоторепортер на AFP во Кабул, Шах Марај, Истиот ден дописникот на BBC, Ахмад Шах загина во вооружен напад во источен Авганистан.

Репортери без граници наведува дека е намалена бројката на загинати новинари во Сирија во споредба со минатата година. Од почетокот на 2018 година во Сирија се убиени двајца новинари, а во 2017 година - девет.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе