Ренис и Фјорело на Санремо нѐ вратија 78 години во минатото

Легендарната „Quando quando quando“ синоќа доби нов перформанс на Санремо фестивалот.

Тони Ренис, кој сега има 81 година, се појави во улога на диригент на неговата прославена нумера „Quando quando quando“ со која го освои четвртото место на истиот фестивал во далечната 1962 година во дует со Емилио Периколи. Овој пат ја отпеа шоуменот Розарио Фјорело.

Песната стекна светска слава кога американскиот шоумен Пет Бун ја сними англиската верзија со истоимен наслов.

Песната на видеото почнува од 4:30.