Renault го претстави електричниот модел Twingo Z.E.

Електричниот Twingo со едно полнење на батеријата може да помине и до 250 километри.

И во Renault се послужија со трикот кој го направија од Volkswagen - да вградат целосно електрични мотори во нивните најпопуларни градски модели.

Renault и во случајот со електричниот Twingo го задржа концептот за задниот погон, а конвенционалниот мотор го замени со електричниот мотор кој има нешто повеќе од 80 коњски сили и 160 Nm максимален вртежен момент, што е доволно да достигне до 135 км/ч.

Поважна од перформансите во овој случај е автономијата која ја осигуруваат батериите, а во Renault велат дека нивниот капацитетот од 22 kWh е доволен да се поминат до 250 км. со едно полнење.

За полнење на батериите се потребни повеќе од 13 часа, а доколку се брзате има и Wallbox опција со која автомобилот се полни за четири часа.