Редок вид на шарен октопод фатен на видеоснимка
Вработен во NAD Lembeh Resort во Индонезија успеа да сними женка од реткиот вид октопод-ќебе и видеото стана хит на социјалните мрежи.
Реткиот примерок е вистинска убавица и ја покажува специфичната убавина на овој вид. Само женките ја имаат оваа неверојатна мембрана меѓу пипалата и ретко ја покажуваат на светот.