Рецепт на денот: Мусака на грчки начин

Многу љубители на мусаката би сакале да научат како да направат грчка мусака. По тој повод ви пренесуваме оригинален рецепт.

Мусаката е познато балканско јадење за кое постои погрешно верување дека е грчко јадење. Всушност мусаката е јадење од Блискиот Исток кое на Балканот го носат Османлиите и до ден денес го задржало оригиналното арапско име мусака (مصقعة, muṣaqqa‘a). На Балканот има неколку варијанти и тоа албанска, македонска, српска, романска, бугарска и се разбира грчка. Токму грчката многумина ја сметаат за највкусна.

Грчката мусака е на врвот на листата на омилени јадења на туристите, но е и јадење број еден за самите Грци. А, можеби секое грчко семејство има некој свој таен зачин, но можете да го подготвите и на традиционалниот грчки начин.

Потребни состојки:

  • 3 модри патлиџани (средна големина)
  • 3 компири
  • 1 голем кромид
  • 2 чешниња лук
  • 700 гр мелено говедско месо
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици доматна паста
  • 260 гр сос од домати
  • 1 чаша (240 мл) говедска супа или ½ чаша (120 млк) црвено вино
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 л млеко
  • 120 гр путер
  • 120 гр брашно
  • 85 гр пармезан
  • ½ лажичка морско оревче
  • 2 жолчки
  • растително масло за пржење

Подготовка:

1. Подгответе го зеленчукот: модрите патлиџани исечете ги на парчиња со дебелина од 1 см. Посолете ги и оставете ги 30 минути. Во меѓувреме излупете ги компирите и исечете ги.

2. Модрите патлиџани добро измијте ги и исушете ги. Пржете ги модрите патлиџани и компирите додека не поруменат. Префрлете ги на хартиена крпа за да се ослободите од вишокот масло. Има и полесна варијанта: ставете ги модрите патлиџани и компирите во тавче, намачкајте ги со маслиново масло и печете додека не поруменат.

3. Подгответе ја смесата со месо: загрејте го маслиновото масло во голема тава на средна температура. Додадете го сечканиот кромид и динстајте 3-4 минути. Додадете толчен лук и динстајте уште 2-3 минути.

4. Додадете го месото и пржете со мешање додека месото не е повеќе розово. Потоа додадете сол, бибер, цимет и мајчина душица, добро измешајте. Додадете доматна паста и ловоров лист и добро измешајте. Додадете ја говедската супа, измешајте и нека почне да врие. Намалете ја томпературата на минимум и варете додека не се згусне. Тргнете од оган и оставете на страна.

5. Подгответе бешамел сос. Загрејте 1 литар млеко. Растопете го путерот во тава на тивок оган, кога путерот ќе се растопи, додадете го брашно и матете непрекинато додека не добиете мазна паста. Постепено додавајте го топлото млеко со постојано матење за да не се формираат грутки. Матете додека сосот не стане мазен и густ. Тргнете го од оган и додадете малку сол, бибер, морско оревче, пармезан и жолчка, изматете додека не се изедначи.

6. Загрејте ја рерната на 180°C.

7. Составете ја мусаката: во смесата со месо додадете 4-5 лажици бешамел сос и измешајте. Наредете ги компирите во сад за печење 33х22 см, па ставете половина од модар патлиџан. Истурете ја смесата со месо и рамномерно распоредете. Наредете ги преостанатите модри патлиџани и прелијте ги со бешамел сосот. Одозгора изрендајте пармезан.

8. Печете 40-50 минути, или додека не порумени. Извадете ја мусаката од рерна и оставете ја да се излади најмалку 45 минути пред да ја исечете.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе