Реал Мадрид вложува 525 милиони евра во целосна модернизација на „Сантијаго Бернабеу“

„Сантијаго Бернабеу“ ќе доживее вистинска реконструкција, за која Мадриѓаните се подготвени да вложат повеќе од половина милијарда евра.

Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот, но Реал го нема најголемиот стадион дури ниту во Шпанија, а не пак во светот.

„Сантијаго Бернабеу“ е втор по големина во Шпанија, веднаш зад стадионот на Барселона „Камп Ноу“. Меѓутоа, се чини дека луѓето од управата на Кралскиот клуб, сепак, одлучиле да направат нешто по тоа прашање.

Нема да се натпреваруваат со Барселона по капацитетот на стадионот, меѓутоа од „Бернабеу“ ќе направат најмодерен фудбалски објект на светот, поточно ќе вложат милиони во негова модернизација.

Во стадионот, чија последна реконструкција е направена уште во 2011 година, Реал Мадрид ќе вложи вртоглави 525 милиони евра. Со работа треба да се започне веќе следната година, а сите детали се уште не се познати.

Засега е познато дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе го промени надворешниот изглед и ќе доби подвижен кров.

Во прилог погледнете како би требало да изгледа овој легендарен стадион:

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе