Фудбал

Реал Мадрид и Роберто Баџо го збогатија роденденското славје на Болоња

10. октомври 2019 - 13:19 | Ф.З.

Синоќа се одигра спектакл помеѓу легендите на Болоња и легендите на Реал Мадрид по повод 110 годишнината од формирањето на италијанскиот клуб.

Во дресот на Кралскиот клуб продефилираа вистински легенди како Роберто Карлос, Кларенс Сејдорф, Кристјан Каранбе, Алваро Арбелоа, Хосе Амависка, Иван Кампо, Педро Мунитис и други.

Во таборот на славеничкиот тим најмногу овации преедизвика појавувањето на италијанската ѕвезда Роберто Баџо кој за „рособлу“ играше само во сезоната 97/98 постигнувајќи 22 гола.

На теренот во црвено-синиот дрес истрчаа голманот Џанлука Паљука, одбранбените Алесандро Гамберини, Даниеле Портанова, Стефано Торизи, Микеле Парамати, Андреа Тароци, во средината беа Диего Перес, Габи Мудингаји, Томас Токатели, Карло Нерво, Паоло Стрингара, а во нападот Марко Ди Вајо, Масимо Марацина, Адаилтон, Кенет Андерсон и Игор Коливанов.

Главен судија беше познатиот Никола Рицоли.

Кралскиот клуб победи со 4:2 со головите на Амависка од пенал, Мунитис и два на Едвин Конго. За Болоња погодина Ди Вајо и Стрингара од пенал.