Живот

Размрдајте се со фудбал на мали столчиња

29. мај 2017 - 15:36 | Л.Е.

Еве предлог занимација за екстремно мрзеливите. Ако милувате да седите и ништо да не правите можеби ќе ве покрене идејата да играте фудбал од место?

Оваа идеја доаѓа од Италија. Дизајнерот Емануеле Маџини вклопил мрежа за играње фудбал во рамка на столче со малку проширени ногарки. Оној кој седи на столчето е воедно играч и голман, а речиси и не е потребна никаква вештина за да бидете професионалец.