Расте бројот на заболени од морбили, во измината недела 104 нови случаи

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – „Во текот на изминатата недела има пораст на бројот на заболени од мали сипаници и се регистрирани најголем број, односно 104 заболени. Од нив најголем број (74) се од Скопје, а останатите 30 се од другите градови. Епидемијата на мали сипаници е во ек. Единствена заштита од заболување или од тешки форми на прележување е вакцинацијата“, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека бројот на градови кои пријавиле број на заболени расте и очекуваат дека во наредните недели нема да има брзо смирување на состојбата со епидемија на мали сипаници.

Од околу 16.000 деца во школска и предшколска возраст во Скопје, нагласи, околу 11.100 се вакцинирани, а на територијата на државата, од околу 25.000 невакцинирани деца досега се вакцинирани околу 6.500.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 16.03 до 22.03.2019, пријавени се вкупно 104 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска).

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 74 случаи се од Скопје, при што 60,8% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Останатите 30 заболени се од 9 други градови и тоа:

  • од Куманово пријавени се 10 случаи, од нив 8 се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус
  • од Тетово пријавени се 7 случаи, 6 од нив се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус
  • од Дебар – 3 случаи (2 се непотполно вакцинирани)
  • од Струга, Кичево, Охрид и Гостивар – по 2 пријавени случаи, вкупно 8 од кои 6 невакцинирани и со непознат статус
  • по еден нов случај пријавен е од Велес и од Штип (двата со непознат вакцинален статус).

Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 22.03.2019, регистрирани се 659 случаи на мали сипаници, од нив 522 се пријавени во епидемијата во Скопје.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 19 градови. Од нив 469 случаи се од Скопје, 57 се од Тетово, 46 од Куманово, 18 од Гевгелија, по 12 случаи има во Струга и Дебар, 10 од Велес, 9 од Гостивар, 7 од Кичево, 4 од Кочани, a во останатите 9  градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје (75,9/100.000), Гевгелија (52,3/100.000) и Дебар (43,2/100.000).

Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во четири здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово и  Гевгелија).

Најголем број на случаите се од возрасната група 0-4 години, 265 или 40,2% од вкупниот број. Висок процент на заболени се регистрира и кај повозрасните групи, лицата постари од 30 години учествуваат со 39% (n=257), а лицата од 20-29 години со 12,6%.

Од вкупно 140 заболени деца на возраст од 1-4 години, 127 или 90,7% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 340 заболени кај лицата над 20 годишна возраст, 68,5% (n=233) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупно регистрираните 659 случаи на мали сипаници, најголем број и процент – 334 или 50,7% се лабораториски потврдени, 164 или 24,9% се епидемиолошки поврзани, додека 161 случај (24,4%) се со клиничка слика на мали сипаници.

Од почетокот на епидемијата во Скопје, вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст кои подлежат на вакцинација со прва или втора доза, изнесува 11.052 деца. Во останатиот дел од републиката, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст со прва или втора доза, изнесува 6.200 деца.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 17.252.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе