Ракомет

Ракометар во Полска даде повеќе голови од цела противничка екипа

18. февруари 2020 - 19:49 | Ф.З.

Интересен рекорд ни доаѓа од најдобрата полска лига каде ракометарот Михал Дашек успеа да постигне повеќе голови од целата домашна екипа.

Лидерот во полската лига, екипата на Висла од Плоцк, синоќа гостуваше кај претпоследнопласираната екипа на Тарнув во рамките на 22. коло.

Очекувана победа на големиот фаворит остварена со 16:33, но победата падна во сенка на рекордот на гостинскиот капитен, десното крило Михал Дашек, кој успеа да постигне повеќе голови од сите домашни ракометари заедно.

Дашек погоди дури 18 пати постигнувајќи два гола повеќе од целата домашна екипа на Тарнув. Само 4 му беа од пенал, додека останатите 14 од игра. Интересно, Дашек синоќа не промаши ниту еден удар, односно сите 18 завршија во домашната мрежа.

Сите 18 погодоци на Дашек:

За пошироко не знаеме, но ова е дефинитивно рекорд во полската лига, како што тврди официјалната веб-страница на Висла.

Инаку, Висла игра и во Лигата на шампиони, во оние две групи кои не се дел од главната фаза. Заврши втора во групата Д и преку плеј-оф ќе бара шанса да се приклучи кај најдобрите. Противник им е шпанска Бидасоа, а доколку ја минат, во осминафиналето ќе играат со второпласираниот од групата во која е и нашиот Вардар.