1.МФЛ 2019/20

Работнички славеше среде Тетово, Вардар избега на +11

Работнички успеа да ја победи Шкендија во Тетово овозможувајќи му на Вардар да ја зголеми разликата на врвот. Продолжуваат добрите игри на Ренова и на Борец, а Силекс се протна на второто место.

Хит на вториот дел од сезоната е дефинитивно тимот од Дебар Маало. Работнички со тренерот Ратко Достаниќ игра како препороден, нема пораз, а сега го победи и актуелниот шампион Шкендија среде Тетово. Сепак, мора да се признае дека при победата имаше и многу среќа бидејќи по еден корнер десетина минути после паузата домашниот голман Захов сам си ја внесе топката в гол.

„Градски“ стадион во Тетово
Шкендија - Работнички 0:1 (0:0)
Стрелци: 54' (аг) Костадин Захов
Црвен картон: 86' Јан Кривак, 90'+5 Зија Мерџани (Ш)
Судија: Васко Мавров (Струмица)

По киксот во Тетово, Вардар им се врати на победите иако се намачи со Струга. Украинскиот дефанзивец Новак беше човекот на одлука кој со својот гол во вториот дел ги фрли стружани на последното место на табелата, а на Вардар му донесе големи три бода. Големи не затоа што ја победија Струга, туку затоа што Шкендија загуби дома од Работнички, па сега разликата се зголеми на +11.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Струга 1:0 (0:0)
Стрелци: 69' Јевхен Новак
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Откако во неделата ја прегази Шкендија, екипата на Борец продолжи да изненадува. Денеска патуваа во скопската населба Ѓорче Петров каде непријатно го изненадија домаќинот и со головите на Радовиќ и Десниќ конечно по 22 кола ја забележаа првата победа на гостински терен. Борец дефинитивно се врати во игра за изборување опстанок и до крајот најавува силна борба.

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Борец 0:2 (0:2)
Стрелци: 17' Никола Радовиќ, 25' Дарио Десниќ
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Силекс упсеа да стаси бод во Чаир каде долго време губеше со 1:0 од Шкупи. На пет минути пред крајот Ивановски погоди за израмнување, а со овој бод Силекс сега е втор преземајќи ја таа позиција од Шкендија.

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Силекс 1:1 (1:0)
Стрелци: 24' Дембо Дарбо - 85' Иван Ивановски
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

И Ренова продолжува со добрите игри и собирањето на бодови, додека Академија Пандев само ја продолжи агонијата. Четврта победа по ред за „Гипсарите“, додека „Пандевци“ сега се во серија од 12 натпревари без победа.

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев - Ренова 0:1 (0:1)
Стрелци: 38' Башким Велија
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Табела:
1. Вардар 46
2. Силекс 36
3. Шкендија 35

4. Ренова 31
5. Шкупи 29
6. Македонија ЃП 29
7. Академија Пандев 28
8. Работнички 28
9. Борец 27
10. Струга 25

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе