Работна недела од четири дена за иста плата: Утопија или реалност?

Низа мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од сегашните идеи дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата.

Затоа, сѐ повеќе и повеќе работодавачи експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.

Во изминатата половина од годината, тоа веќе го направија Synergy Vision, Elektra Lighting, Lara Intimates и Intrepid Camera. The Wellcome Trust е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Guardian.

И фирмите и вработените се задоволни од таквата постапка, нагласува весникот. 

Голем број компании од целиот свет кои работната недела ја скратија на четири работни дена пријавиле дека има многу поголема продуктивност на работниците, дека вработените се помотивирани и забележан е помал синдром на „прегорување“ на работа.

„Ваквиот начин на работа има многу поволности, пред сѐ за здравјето на вработените, нивната продуктивност е поголема, и нема работно ‘лудило’ во канцеларија, изјави основачот на компанијата Planio од Берлин чии десет вработени од почетокот на 2018 година преминаа на четиридневна работна недела.

Економистот и историчар Рутгер Брегман, автор на книгата „Утопија за реалисти“ објаснува дека идејата за покуса работна недела всушност и не е толку радикална.

„Со децении, најзначајните економисти, филозофи, социолози, веруваа, сѐ до 70-те, дека помалку ќе работиме. Во 20-тите и 30-тите години од минатиот век постоеја големи капиталистички претприемачи кои открија дека ако ја скратите работната недела, вработените стануваат попродуктивни. Хенри Форд, на пример, открил дека ако ја смени работната недела од 60 на 40 часа, вработените стануваат попродуктивни затоа што не биле толку уморни во своето слободно време“, вели Брегман.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе