Работа од дома: Како да користите TeamViewer?

TeamViewer е апликација која ви овозможува пристап до друг компјутер оддалеку. Функционира за пристап оддалеку Mac, PC и Mac to PC.

И двата уреда треба да ја имаат инсталирано апликацијата Teamviewer пред да може да ја користат. Ова е одличен начин за работа од дома, а да сте поврзани со компјутерот на работа или да му помогнете на колега или пријател со некои технички потешкотии со нивниот компјутер, а може и едноставно да работите на ист проект истовремено.

Тимот на Howfinity подготви видео со инструкции како да ја користите оваа апликација.