Терористите на Исламска држава (ИД) во Сирија држат 700 заложници, меѓу кои има американски и европски државјани, и убиваат по 10 на ден, тврди рускиот претседател Владимир Путин, критикувајќи ги американските сили дека „катастрофално потфрлиле во Сирија“.
„ИД поставуваат ултиматуми и полагаат барања, се закануваат... дека ќе убиваат десет луѓе секој ден“, рече рускиот лидер во интервју за „Спутник“ и додаде дека терористите веќе почнале да ги реализираат нивните закани и дека веќе погубиле десет заложници пред два дена.
„Ова е ужасно, катастрофа“, рече Путин додавајќи дека силите на САД кои тврдат дека имаат контрола во областа околу источниот брег на реката Еуфрат, а всушност се потпираат на курдските вооружени сили на терен, сомнително молчат за заложничката криза.
„Меѓу заложниците има луѓе од САД и од Европа... а сите молчат... како ништо да не се случило“, предупреди Путин.
„САД очигледно потфрлија во нивните цели“, рече Путин и додаде дека Вашингтон и неговите сојузници очигледно потфрлаат во сузбивањето на терористите во тој дел од Сирија, а ИД продолжува да го шири своето присуство таму.“