Филм & ТВ

Првиот трејлер за адаптацијата на „The Secret Garden“ потсетува на „Jumanji“

18. септември 2019 - 15:05 | А.С.

Пристигна првиот тизер трејлер за филмската адаптација на познатата книга „The Secret Garden“, што треба да излезе во 2020 година.

Ова е најновата филмска верзија на една од омилените детски книги и книжевен класик на Френсис Хоџсон Барнет.

Дикси Егерикс на еден сосема поинаков начин ја игра улогата на 10-годишата Мери Ленокс, Британка родена во Индија, која по смртта на родителите ќе замине да живее со нејзиниот екцентричен роднина во Англија (Колин Фирт).

Првиот поглед на новата филмска верзија на безвременскиот класик и бестселер, во режија на Марк Манден, визуелно потсетува на оригиналниот „Jumanji“, барем тоа се реакциите на гледачите кои беа деца во 90-тите.

Се очекува филмот да има премиера во април, 2020 година.