Архитектура

Првиот паметен шумски град ќе биде изграден во Мексико

29. октомври 2019 - 16:01 | Б.С.Б.

Италијанскиот архитект Стефано Боери ги откри плановите за изградба на првиот паметен шумски град во Канкун, Мексико.

Градот наречен Smart Forest City би требало да биде изграден на локација од 57 хектари, во близина на мексиканскиот град. Според архитектот, ќе содржи 7,5 милиони билки и разни видови дрвја.

„Ова е ботаничка градина во современиот свет, инспириран од остатоците на цивилизацијата на Маите и нивниот однос со природниот свет. Урбан екосистем во кој природата и градот се вплотени и делуваат како еден организам“, вели Боери.

Неговиот проект е дел од концепт на градови сод облакодери прекриени со обилно зеленило, наменето за чисто опкружување. Овој паметен град ќе апсорбира 116.000 тони јаглерод диоксид со 5.800 тони CO2 годишно. Ќе содржи јавни паркови, приватни градини, зелени покриви и зелени фасади.