Концепти

Првиот Ferrari SUV ќе пристигне во 2021 година

24. декември 2019 - 20:52 | А.С.

Италијанскиот автомобилски гигант Ferrari во 2021 година ќе го претстави својот прв SUV модел, објави Auto Express.

Ferrari ќе има специјална ознака за својот дебитантски кросовер на пазарот  - FUV (Ferrari Utility Vehicle).

Моделот ќе се вика Purosangue, а ќе биде базиран на неодамна претставениот модел Roma.

Се очекува да го придвижува хибриден систем развиен така за да може да се прилагоди на Ferrari агрегатите V6, V8 и V12.

Најмоќната верзија би требало да користи 6,5-литарски атмосферски мотор.

Една година подоцна Ferrari ќе го претстави и новиот хиперавтомобил - LaFerrari ќе го наследи моделот Galliera кој не се очекува да има поголема моќност од SF90 Stradale (986 коњски сили), па компанијата ќе се фокусира на подобрување на аеродинамиката и намалување на тежината на возилото.