Живот

Први фотографии од новородената ќерка на Ана Курникова и Енрике Иглесијас

14. февруари 2020 - 14:10 | Б.С.Б.

Иако криеја од јавноста дека по трет пат станаа родители, пејачот Енрике Иглесијас и неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курникова, ги објавија првите фотографии од нивното трето дете.

Информацијата дека Енрике и Ана станаа родители на уште едно дете ја откри братот на пејачот, Хулио Иглесијас Џуниор кој во радио интервју одговори на прашање поврзано со тоа дека повторно ќе стане чичко. Тој одговори дека веќе е чичко и тоа по трет пат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

01.30.2020

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Парот сега и официјално ја потврди веста за раѓањето на нивото трето дете, прекрасна ќеркичка.

„Моето сонце“, кратко напиша Ана Курникова во објавата на Instagram.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My Sunshine 01.30.2020

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Ана и Енрике се заедно од 2001 година, а се венчаа во 2007 година. Во 2017 станаа родители на близнаци, а сега на свет пристигна и нивното трето дете.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My Sunshine 01.30.2020

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on