Прва жртва на корона вирусот Covid-19 во Италија

Пациент заразен од корона вирусот Covid-19 во италијанскиот град Падова почина, со што стана прва жртва на вирусот во Италија.

Како што објавија италијанските медиуми, претходно е соопштено дека вчера биле регистрирани вкупно 15 случаи на заразени од коронавирус во регионот Ломбардија, како и два во Венето.

Лицето кое почина од коронавирус во Падова било на 78-годишна возраст.

Кина: Се намалува бројот на заразени од коронавирус

Во Кина од корона вирусот досега се заболени 76.288 лица, додека 2.345 починаа, соопштија локалните здравствени власти.

Потврдени се 397 нови случаи, што е значително помалку отколку 889 колку што беа вчера.

Во провинцијата Хубеј, епицентарот на епидемијата, во текот на вчерашниот ден починаа 106 луѓе, од кои 90 во градот Вухан.

Се подготвуваат крузери за сместување на лекари

Кинеските власти ќе обезбедат сместување на седум крузери за здравствените работници во градот Вухан, кој е епицентар на епидемијата на корона вирусот.

Десетици илјади здравствени работници се донесени во провинцијата Хубеј и градот Вухан од сите делови на Кина, со цел да се помогне во спречување на вирусот и лекување на заразените.

Првиот брод Blue Whale пристигна во Вухан од Јичанг преку реката Јангце.

Седумте бродови имаат вкупно 1.469 кревети. Овие бродови обично се користат за пловење низ реката Јангце во областа позната како „Три клисури“.

Се очекува здравствените работници на бродовите да имаат добри услови за престој, за да можат да се одморат.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе