Прв трејлер за новата сезона на „Black Mirror“

Како и досега, „Black Mirror“ нѐ предупредува за потенцијалните опасности од (скоро) неизбежната иднина на технологијата и вештачката интелигенција. Овојпат, три нови приказни раскажани во три епизоди, кои ни ги посочуваат работите кои „требаше да ги предвидиме“.

Покрај трејлерот, беше објавен и датумот за премиера на новата сезона на „Black Mirror“. Таа ќе се појави на Netflix на 5 јуни, што значи дека имате уште малку време за да ги изгледате сите епизоди кои ги имате пропуштено досега.