Прв поглед на концептуалниот Mercedes-Benz Avatar

Mercedes-Benz откри детали за едно од најневеројатните нешта што ќе ги видиме на саемот 2020 Consumer Electronics Show: концептуален автомобил инспириран од филмот „Avatar“.

Концептуалниот автомобил Mercedes-Benz Vision AVTR има „крлушки“ на „грбот“, огромни тркала со кои може да се вози странично, па дури и дијагонално, а беше создаден во соработка со тимот што работеше на филмовите Avatar.