Филм & ТВ

Прв поглед на „F9: The Fast Saga“

29. јануари 2020 - 15:35 | Б.С.Б.

Објавен е првиот тизер за деветтиот „Fast and Furious“ филм, со Вин Дизел во главната улога. Премиерата е закажана за 22 мај.

Целосниот трејлер ќе биде објавен во петок, но веќе може да дознаеме некои детали благодарение на тизерот што Вин Дизел го објави синоќа.

На прв поглед изгледа дека Дом и Лети уживаат во мирен, семеен живот додека го одгледуваат нивниот син Брајан. Но, изгледа дека тој идиличен момент нема да трае долго, во една сцена со Лети и Брајан се одвива предупредувачки миг дека ќе се случи нешто страшно.

Покрај Дизел, во останатите улоги се појавуваат Мишел Родригес, Џордана Брустер, Тајрис Гибсон, Крис Лудакрис Бриџис, Натали Емануел, Хелен Мирен, Шарлиз Терон и други.

Филмот е во режија на Џастин Лин.