Прв поглед на Bentley Mulliner Bacalar, сите 12 примероци веќе се продадени

Ова е Bentley Mulliner Bacalar – првиот проект од одделението Mulliner на производителот на луксузни возила Bentley. Ќе има само 12 вакви убавици кои се веќе продадени по цена од 1,5 милиони фунти, а за конечниот изглед на внатрешноста и боја на каросеријата сопствениците ќе може да се договорат со Mulliner.

Автомобилот ќе биде отворен и нема да има никаков кров, а внатрешноста ќе биде обложена со дрво. Тоа значи дека идните сопственици ќе треба да внимаваат кога го возат и внимателно да го гаражираат.