Прототип на Starship експлодира по неуспешно тестирање

Еден од прототиповите на Starship беше уништен во тестирање на притисокот, објави SpaceX. Starship SN1 неуспешно го мина тестирањето на притисок со течен азот.

Starship е наменет за идните мисии во вселената, вклучително и за колонизација на Марс. SpaceX изгуби уште еден прототип, овој требаше да биде првиот кој ќе изведе лет. Требаше да достигне висина од 20 километри по вклучувањето на трите Raptor мотори.

Но, експертите на ова не гледаат како на катастрофа, туку како на предизвик кој треба да биде надминат.