Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Заев е виновен

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на Вардар до Врховниот суд.

Пред зградата на ЈО вечерва во 18:15 почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.

„Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец.

Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Русковска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како што рече, неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда“, „Македонија“, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе