Стил

Просо, природен лек против опаѓање на коса

3. октомври 2019 - 10:49 | М.С.

Нормално е во текот на денот да ви опаднат околу стотина влакна, но доколку имате купчиња коса во рацете, ова може да биде показател за некоја болест или за неправилно функционирање на организмот. Има многу причини за опаѓање на косата, како што се недостаток од сон, пушење цигари, неправилна исхрана.

Доколку вашата коса премногу опаѓа, не мора да посегнете по скапи козметички производи. Доволно е само да ја пронајдете вистинската храна која го поттикнува растот на косата. 

Просото е зрно кое не содржи глутен и се знае дека помага на косата побргу да расте. Оваа житарка содржи аминокиселини, витамин Б, железо и линолна киселина и ви помага во спречување на многу здравствени проблеми, штитејќи го здравјето на срцето.

Научните студии, исто така покажаа дека екстрактот од просо придонесува за здрав раст на косата. Просото ги стимулира постоечките активности на ќелиите и го намалува опаѓањето на косата. Силициумот во просото помага за да вашата коса биде здрава, а протеинот поттикнува производство на кератин.

Како да го користите просото за нега на коса?

Купете масло од просо и вклучете го во ритуалот за нега на косата. Во коренот на косата нанесете го маслото и оставете да отстои барем половина час. Измијте ја косата и обликувајте ја по желба.

Исто така, просото може да го внесете во својата исхрана. Безглутенското зрно може да се користи како традиционална житарица.

Меѓутоа, доколку имате проблеми со тироидната жлезда, консултирајте се со вашиот лекар.