ИНТЕРВЈУ ЗА ШПАНСКИ AS

Просинечки: Југославија ќе се бореше за европски и светски титули

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина и еден од најдобрите фудбалери од просторите на поранешна Југославија – Роберт Просинечки – во разговор со шпански AS се потсети на богатата кариера.

Просинечки беше дел од „Чилеанците“ кои во 1987 година станаа светски прваци во категоријата до 20 години, а таа екипа славеше во финалето против тогашна Западна Германија. Со Црвена звезда стана првак на Европа во 1991 година и за AS раскажа за таа славна генерација од Белград.

URL

„Тој тим на Звезда тренираше и се усовршуваше четири години. Таа лига на Југославија беше исклучително јака бидејќи не можевме да играме во друга држава и немаше странци во тимот, па сето тоа ѝ помогна на нашата генерација, сигурно најдобра во поранешна Југославија, да ги достигне тие височини. Не само поради тоа што станавме европски прваци со Звезда, туку бидејќи голем дел од тие играчи подоцна освојуваа трофеи во големи европски лиги“, рече Просинечки.

Тој зборуваше и за можностите што ги имал југословенскиот фудбал пред распадот на државата.

„Тешко е да се знае каков би бил денес развојот на фудбалот на просторите на поранешна Југославија да не се распаднеше државата.  Играчи и таленти од овие земји излегуваат и по таа ужасна војна. Мислам дека ако таа репрезентација останеше заедно, ќе се бореше за европски и светски титули.“

На прашањето дали прерано дошол во Реал Мадрид и дали притисокот бил преголем со оглед на тоа дека имал 21 година, Просинечки вели:

„Можеби да, но веќе имав играно за голем клуб – Црвена звезда. Стадионот секогаш беше полн, игравме во Лига на шампиони, југословенската лига беше јака. Преминот во Мадрид е друга приказна. Почетокот беше добар, но подоцна стигнаа повредите и притисокот откако медиумите пишуваа дека сум бил како од стакло. Тоа ми влијаеше. Бев млад. Мислам дека сега сѐ би било понаку. Не жалам што отидов во Реал Мадрид. Секогаш ќе можам да се пофалам дека сум играл за три големи клубови: Звезда, Реал и Барселона“, рече Просинечки.

Тој за крај додава дека според него, генерацијата на хрватската репрезентација што осви светска бронза била „зрела“ за титулата светски првак во 1998 година во Франција.

Remote video URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе