Највреден бренд во 2018 година е Apple, чија вредност е проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16% повеќе отколку лани, стои во официјалната ранг листа што традиционално ја објавува Interbrand.
На второ место е Google, чија вредност е зголемена за 10% во споредба со лани и сега изнесува 155,5 милијарди долари, а трет е Amazon, кој вреди 100,7 милијарди долари, што е дури 56% повеќе од лани.
Следат Microsoft, проценета на 92,7 милијарди долари, со раст од 16%, потоа Coca Cola со намалена вредност од 5% на 66,3 милијарди долари, а на шесто место е Samsung кој ја зголеми вредноста за 6% на 59,8 милијарди долари.
Toyota вреди 53,4 милијарди, што е за 6% повеќе од лани и се наоѓа на седмата позиција.
Mercedes е осми со 48,6 милијарди, а топ 10 го заокружуваат Facebook со 45,1 милијарди (2% помалку отколку во 2017) и McDonalds, чија вредност се проценува на 43,4 милијарди долари.
До 20. место се рангирани: Intel (43,3), IBM (42,9), BMW (41), Disney (39,8), Cisco (34,5), GE Technology (32,7), Nike (30,1), Louis Vuitton (28,1), Oracle (26,1) и Honda (23,6).