МК сцена

Продиџи ќе донираат за настраданите од поплавата

11. август 2016 - 13:04 | Макфакс

Светски познатата група Продиџи, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата Facebook страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите што го зафатија Скопје и околината.

Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите.

„Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа.

Концертот треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на првото издание на фестивалот на отворено „Охрид колинг“.