Проблеми за Русија на СП 2018: Денис Черишев вмешан во допинг скандал

Најдобриот стрелец на Русија на ова Светско првенство, Денис Черишев, е вмешан во допинг скандал.

Русија е вистинска сензација на ова Светско првенство. Домаќините се изборија за пласман помеѓу осумте најдобри селекции, а токму Черишев, кој во првите два натпревари во групата постигна три гола, е еден од најзаслужните за овој подвиг.

Во осмина финалето против Шпанија, Черишев влезе во вториот дел и потоа погоди во пенал серијата за неочекуван пласман на Русија во четвртфинале.

Левото крило на Виљареал, заедно со Артем Џуба (исто така стрелец на три гола), како и  Александар Головин се најзаслужните играчи за неверојатниот пласман на Русија во четвртфиналето, каде во сабота ги чека Хрватска.

Но, Черишев сосема неочекувано се најде во допинг скандал и тоа благодарение на неговиот татко, кој за новинарите на рускиот портал „Sport Weekend“, изјави дека неговиот син земал инјекции со хормон за раст.

За истражувачите од Руската анти-допинг агенција (РУСАДА), тоа беше повеќе од доволна причина да се отвори истрага.

За почеток ќе ги испитаат сите кои учествуваа во лекувањето на повредата на мускул, која Черишев минатата година го оддалечи од терените повеќе од шест месеци.

Користењето на хормон за раст без почитување на пропишаната процедура се смета за земање на допинг и се казнува со суспензија до 4 години.

Сега Русинот се најде во непријатна ситуација и мораше да го демантира својот татко, а Рускиот фудбалски сојуз објави дека играчот примил инјекција со легална состојка, која помага за побрзо заздравување на раните.

Сојузот ги обвини новинарите дека погрешно ги протолкувале зборовите на неговиот татко, а додаваат и дека снимката од интервјуто тоа го потврдува.

Како и да е, РУСАДА веќе ја отвори истрагата, а ситуацијата со Черишев е нов проблем за Русија после повредата на Жирков пред натпреварот со Хрватска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе