МК сцена

„Прљаво на Балкан“: Тони Зен и Сиги со нова песна и спот

9. јуни 2016 - 18:13 |

„Под контрола“ доби свое продолжение. Насловот е „Прљаво на Балкан“, најновото дело на Тони Зен и Сиги. Видео записот го работеше БМА Брадрс продукција, режисер е Мерт Аслани, а сценариото е дело на Тони и Мерт.

Главната улога во ,,Прљаво на Балкан“ му припадна на Петар Арсовски.

,,Беше вистинско задоволство да се работи со еден вистински професионалец, каков што е актерот Петар Арсовски. Ако ме прашувате дали беше тешко да се убеди големиот актер да биде дел од видео приказна и тоа токму ваква, тогаш одговорот е дека се одеше многу лесно, се видовме, му ја раскажавме приказната, му се допадна и прифати да биде главниот јунак во овој спот“, ни рече  режисерот Мерт Аслани.

Освен Петар Арсовски во видеото своја улога имаат и новинарот Васко Ефтов, Онур Мехмед, Марица Милошевска, Методиј Ристоманов и Далибор Арсовски.
Целиот спот е снимен во Скопје, во два дена на снимање, а тимот на БМА се заблагодарува и на ренџерскиот баталјон на АРМ. 

Во снимањето на оваа интересна приказна учествуваа 30 војници, специјалци, со три воени возила и околу 70 статисти.

,,Можеби долго време го подготвувавме ова видео, но мојата идеја е да правам квалитетни нешта, а не само да вадам ново видео секој месец. Играм на квалитет, а не на квантитет“, изјави Тони Зен, додавајќи дека се започнало со една идеја, а заврши со друга. 

Музиката за „Прљаво на Балкан“ е на Матеј Џајковски, текстот е на Тони Зен и Сиги, а интрото е на Бертан Аслани.

Тони Зен ја започна приказната со „Под контрола“, ја продолжи со „Прљаво на Балкан“, а до крајот на годинава, тој и БМА Брадрс продукција ќе ја заокружат оваа трилогија со видео кое ќе трае од осум до петнаесет минути.

Loading the player...