Хроника

Приведени двајца кичевци кај кои е пронајдена марихуана и кокаин

25. март 2020 - 12:45 | МИА

Кичево, 25 март 2020 (МИА) – Кокаин, марихуана и куршуми вчера беа пронајдени во домовите на двајца кичевци. Двацата се приведени и заработија кривична пријава.

Како што информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски, вчера по претходна негова согласност, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на 58-годишниот И.З. од Кичево, при што биле пронајдени и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера, при извршена контрола на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е 24-годишниот А.К. од Кичево, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.