Притвор за вооружен крадец кој се обидел да ограби аптека во Скопје

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за обид за разбојништво во аптека во Скопје.

Обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите.

Притоа, тој ставил маска на устата и ја откопчал јакната, а едната рака ја ставил во внатрешниот џеб каде што имал нож.

Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а обвинетиот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување и го спречил обвинетиот во намерата да изврши разбојништво.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, бидејќи оцени дека во конкретниот случај и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе