Притвор за макрото – ѝ се заканува казна од најмалку 10 години затвор

Триесет дена притвор ѝ е изречен на кавадарчанката која што го подведувала и го терала да питачи 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“. Основото јавно обвинителство потврди дека е започната истрага против едно лице за трговија со дете.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничената и одредил притвор.

Како што соопшти обвинителството, предметот е отоврен по допрен глас, откако во медиумите се појави написи во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

„Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, денеска донесе наредба за спроведување на истрага против едно лице. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години“, информира обвинителстото.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомниченото лице му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.​

Претходно полицијата информираше дека станува збор за 42-годишната М.Д. од Кавадарци против која е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. Според сознанијата на полицијата, кавадарчанката во текот на декември минатата година и јануари годинава го принудувала 13-годишното девојче, штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,, 25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе