Концепти

Пристигнаа првите фотографии за новиот BMW M3, позната и цената

4. декември 2019 - 11:41 | М.С.

Автомобилската компанија BMW во втората половина од наредната година ќе ја лансира шестата генерација на својот најпопуларен модел М3.

Спортската лимузина ќе има стандарден погон на четири тркала, а под хаубата ќе биде 3-литарскиот твин турбо шестцилиндарски бензинец.

Како што беше најавено, BMW, М3 ќе го нуди во две варијатни- основниот модел со 480 коњски сили и моќната верзија под ознака Competition со 510 коњски сили.

Почетната цена на M3 Competition ќе биде околу 76.000 евра, пренесуваат британските медиуми. 

Германците на овој начин сакаат да бидат конкурентни на пазарот со главните ривали - Mercedes AMG C63 и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.

Како што пренесуваат медиумите, BMW ќе ги следи дизајнерските трендови кои ги поставија Audi и Mercedes со своите нови компактни модели.

Првите неофицијални фотографии укажуваат на еволутивни наместо драстични промени за да не го ризикуваат ставот на нивните купувачи.