Минатата пролет компанијата Google најави дека ќе направи напори да го направи оперативниот систем Android подостапен за поевтините и послаби модели на телефони. Овој OS беше наречен Android Go, а вчера излезе и првиот телефон од оваа линија на смартфони.
Alcatel 1X e првиот телефон со Android Go, односно Android Oreo (Go Edition).
Додека самиот смарфтон не е ништо посебно, скоро и да нема потреба да биде забележан, сепак ова е голем чекор напред за производствената линија на Android. Alcatel 1X е сосем способен телефон чија работа воопшто не е да импресионира, туку да биде корисен. Единствената навистина допадлива карактеристика на овој смартфон е неговата цена, според која во истиот момент на излегување тој е помеѓу најевтините уреди на пазарот.
Некои од смартфон експертите имаа неколку зборови за Alcatel 1X, но ретко кој од нив говореше добро за самиот телефон. Тие искажуваа мислење за функциите кои ги поседува телефонот и колку добро е инкорпориран Android Go како систем во него.
Од Alcatel најавија дека корисниците не треба да бидат загрижени за правилното функционирање на телефонот, бидејќи има уште цели 2 месеци додека тој да излезе во сериско производство и дотогаш ќе бидат отстранети сите пречки.
Alcatel 1X има солидни спецификации како за телефон во таа ценовна категорија. Покрај quad-core процесорот има и 1GB RAM и 16 GB внатрешна меморија и 5,3-инчен дисплеј со 960 х 480 резолуција. Телефонот ќе почне да се продава во април по цена од околу 6.000 денари.