Пристигна официјалниот трејлер за долгоочекуваниот филм „Wonder Woman 1984“

Првиот официјален трејлер за филмот „Wonder Woman 1984“ е објавен вчера, а многубројните фанови со радост го исчекуваа ова филмско остварување.

Warner Bros не објави многу детали за продолжението, но ја покажаа Дајана Принц која влегува во конфликт со Советскиот Сојуз за време на Студената војна во 1980, а потоа се сретнува и со нејзиниот непријател.

Филмот во кино салите пристигнува на 5 јуни 2020 година.