Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус

Од британската кралска палата потврдија дека 71-годишниот принц Чарлс е позитивен на коронавирус.

Не може да се утврди како принцот се заразил со Covid-19, но во последните неколку недели извршувал задачи надвор од палатата.

„Принцот Чарлс има благи симптоми на болеста, но е со добро здравје. Во последните денови работел од дома“, стои во соопштението.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но нејзиниот тест е негативен. Според препораките на владата и лекарите, принцот и војвотката се во изолација во Шкотска.