Приказна за најголемиот македонски фудбалски клуб во дијаспората

Фудбалскиот клуб Престон Лајонс е гордоста на Македонците во Австралија. И не само таму, туку воопшто тој е најголемиот и најпознатиот македонски клуб надвор од татковината.

Optus Sport направија репортажа за „Лавовите“ во која говорат играчи како Наум Секуловски, Саша Огненовски, Алекс Петровски, Дејан Спасески, тренерот Лу Ацевски, како и тренерот на голманите Гоце Груевски.

Престон Лајонс е формиран 1947 година во истоименото предградие на Мелбурн.