Mercedes-Benz го покажа својот нов модел кој е наменет за кинескиот пазар.
Додека фабриките ширум Европа се затвараат, во Кина производството продолжува да тече.
Дури и Mercedes e активен на пазарот и го претстави новиот модел S450 4Matic во Maybach издание.
Овој „ѕвер“ го придвижува 3.0-литарски твин турбо бензин мотор во комбинација со 48V систем и произведува околу 370 коњски сили и максимален вртежен момент од 500 Nm.
Како што пишува CarNewsChina, се работи за колекционерско издание кое подразбира низa од додатоци како што е нова предна маска и 20-инчни фелни.
Внатрешноста е направена од кожа и дрво кои на автомобилот му даваат луксузен изглед. Новата цена ќе изнесува околу 192.000 евра.