Пресврт на берзата – расте цената на нафтата

Цената на фјучерсите на суровата нафта „брент“ за јунската испорака скокна за 1,0 отсто на 74,23 долари за барел во тргувањето на лондонската берза ICE Futures Europe.

Последен пат кога нафтата „брент“ достигна ниво од 74 долари за барел беше на 27 ноември, 2014 година, објави руската новинска агенција ТАСС.

Покрај растот на цената на нафтата, курсот на рубљата останува низок во однос на глобалните валути – утрово во 11 часот по локално московско време курсот на рубљата на Московската берза изнесуваше 60,99 рубљи за 1 долар, што е за 0,23% повеќе во споредба со курсот на затворање вчера.

Курсот на рубљата во однос на еврото изнесуваше 75,52 рубљи за 1 евро, што е за 0,32% повеќе во споредба со претходниот ден.

Во исто време, цената на американската „лесна“ нафта WTI за мајската испорака денеска порасна за дури 80 центи на 69,27 долари за барел на Њујоршката берза, а во Лондон се тргуваше по цена од 68,81 долари, според „Блумберг“.

Причината за скокот на цените е изненадувачкиот пад на залихите во САД, а трговците со нафта сега ќе го насочат вниманието на утрешниот состанок на членките и нечленките на ОПЕК и Саудиска Арабија.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе