Предупредувачко видео: Зошто не треба да гледате во мобилниот додека возите?

Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.

Речиси на секој возач му се има случено да го сврти вниманието кон мобилниот телефон додека вози, но тие неколку секунди невнимание може да бидат опасни, па и фатални.

Судејќи по описот наведен во објавата на ова видео, се работи за типичен пример за тоа што се случува кога не ги држите очите на патот, односно гледате во мобилниот. Снимателот го видел возачот на камионетот дека гледа во мобилниот наместо на патот и со голема брзина удира во возилото пред него, предизвикувајќи верижен судар.

Опасноста е иста без разлика дали читате или пишувате порака, проверувате нотификација или обавувате друга активност на вашиот смартфон додека возите.

Ваквите слики е тешко да се гледаат, а уште потешко да се доживеат. Од РСБСП советуваат следен пат кога ќе го слушнете звукот за нова порака, да се сетите на овие 5 причини поради кои ќе одолеете да не одговорите:

  • Можноста за сообраќајна незгода е 23 пати поголема доколку пишувате кога возите.
  • Пишувањето порака ја намалува реакцијата за запирање на возилото за 18%, а ја зголемува можноста за предизвикување сообраќајна незгода за 6 пати.
  • Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.

  • Одвлеченото внимание е опасност и за возачите и за патниците, но и за пешаците, велосипедистите, моторциклистите.... безбедното тргање на погледот од патот трае само 2 секунди!
  • Ако е итно и неодложно – запрете го возилото. Ова ќе ви одземе една минута, но ќе ви го спаси целиот живот.
  • Иако е тешко да се оддолее на предизвикот да одговорите на телефонски повик додека возите, сепак, пред да го направите тоа, размислете уште еднаш, дали вреди да го ризикувате животот тие неколку секунди и да доведете нечиј живот во опасност или ќе почекате па ќе го направите тоа кога ќе имате вистинска можност.
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе