Пред 26 години Македонија првпат играше фудбал во Скопје

Пред точно 26 години македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален меѓународен натпревар на домашен терен.

На „Градски“ во Скопје ни гостуваше Словенија во реванш на пријателскиот натпревар одигран во Крањ кој всушност беше првиот историски на нашата репрезентација.

Со головите на Серафимовски и убавиот волеј на Бошковски македонската репрезентација предводена од селекторот Андон Дончевски забележа втора победа во вториот натпревар над Словенија.

За Македонија настапија: Кире Трајчев (гк); Зоран Јовановски (22' Кире Грозданов, 76' Светозар Станковски), Митко Стојковски, Драги Канатларовски (к), Бошко Ѓуровски, Љупчо Марковски, Жарко Серафимовски (46' Борислав Тоовски), Горан Георгиевски, Зоран Бошковски, Неџмедин Мемеди, Тони Мицевски. На клупата беа уште и Зоран Мицевски (гк) и Марјан Стојковски.

записник