Празнично видео на денот: Роботи украсуваат елка
Стоковната куќа Bloomingdale's во Њујорк „ангажираше“ роботи да ја украсат новогодишната елка и да ги забавуваат муштериите за време на празничната сезона.
Роботите местеа украси, служа кафе, свиреа на инструменти и пееја божиќни песни.
Соработката меѓу стоковната куќа и ABB Robots беше со цел да се покаже како би се користеле роботите во трговијата во иднина.