Празнична реклама ќе ве потсети колку е важно времето минато со семејството

Времето минато со семејството е бесценето, особено во периодот на празници. Тоа е пораката на оваа интересна, празнична реклама наречена The Time Shop.

И додека повеќето ТВ-реклами нема да предизвикаат многу емоции кај гледачите, оваа реклама е исклучок и веројатно е најдобрата што сме ја виделе во изминатата година.

Дејството се одвива околу мало девојче кое се обидува заедно со семејството да направи Снешко, но не успева. Тогаш се случува вистинска магија, две мачки ќе ја одведат на местото наречено Time Shop, каде учи за „изгубеното време“, „времето кое лета“ и „заедничкото време“. Најдобриот избор е секако заедничкото време кое создава спомени кои траат вечно.

Таа сфаќа дека заедничкото време е единственото време кое може да го дадете.